Пронајдено е телото на 16-годишното девојче, Теодора Бабариќ која на 24 јули исчезна во водите на реката Вардар во општина Градско.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека телото на девојчето е најдено денеска во 12:10 часот во водите на Вардар во близина на Старо Градско.
Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.
Во потрагата за девојчето беа вклучени припадници на МВР и на специјалната единица „Волци“ на Армијата.
Исчезнувањето на девојчето беше пријавено од страна на нејзината сестра на бројот за итни повици.
Покрај девојчето, беше пријавено дека во водите на Вардар е исчезната и 26-годишна жена, но таа беше пронајдена жива.