Пронајдено безживотно тело на велосипедист од Кичево

Од:

Во Полициска станица Кичево, вчера во 15,05 часот дежурен лекар од Медицински Центар пријавил дека на регионалниот пат Кичево-Демир
Хисар, во близина на с. Белица, се наоѓа безживотно машко тело паднат од велосипед.

На посоченото место починат бил пронајден В.Ѓ. (52) од Кичево.

Од страна на доктор од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на лице место извршила увидна екипа на ПС-Кичево, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва