Пронајдени и спасени шестмина скијачи кои се изгубија на Попова Шапка

Од:

Вечерва околу 21 часот се пронајдени и спасени шестмина скијачи кои денеска се изгубија на Попова Шапка. Околу 17 часот и 30 минути во Полициското одделение Попова Шапка дошол 30-годишниот Ф.Р од тетовското село Лисец, заедно со косовскиот државјанин М.З. и пријавиле дека двајца косовски и четворица македонски државјани околу 14 часот и 30 минути со жичница се искачиле на „Церипашина“ и потоа се спуштиле по патеката Јелак.

Но, поради густата магла залутале и се изгубиле во непознат шумски предел, некаде два километри северно од месноста „Шипковачки бачила“, над селото Вешала.

Веднаш е организирана потрага по шестмината скијачи и околу 21 часот сите се пронајдени живи и здрави во месноста „Студорек“ , во близина на „Шипковачки бачила“ и со ратрак веќе се спуштаат кон Полициското одделение Попова Шапка.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец