Пронајдени седум мигранти од Сирија, криумчарот приведен

Од:

Триесетгодишен жител на село Градошорци, општина Василево, И.М., вчеравечер околу 19.40 часот во струмичкото село Костурино бил приведен од полиција, осомничен за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Во неговото возило биле откриени седум мигранти од Сирија. И.М. го лишиле полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран при Регионалниот центар за гранични работи Исток.

-Околу 19.30 часот на регионалниот пат P-1401, на место викано Валандовско брдо, полициски службеници дале знак за запирање на две патнички возила „бмв“, со битолски и со штипски регистарски ознаки, но возилата не застанале, по што во село Костурино возилото „бмв“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал И.М., било запрено, а при преглед во него биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок