Пронајдени околу 80 килограми марихуана во Штип, дилерот е во притвор

Од:

На 1 ноември, по претходно добиени оперативни сознанија за поседување на поголема количина марихуана, на регионалниот пат Штип – Плачковица, кај с. Стар Караорман од страна на полициски службеници од СВР Штип бил запрен Б.С.(40) кој се движел со велосипед и при извршениот преглед кај лицето пронајдени се две најлонски кеси во кои имало марихуана со вкупна тежина од околу 3 килограми и 8 рачно изработени цигари, соопшти на денешната прес конференција Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.

-На 02.11.2018 година извршен е претрес со судска наредба во домот и помошни простории на ул. Сремски Фронт во Штип каде Б.С. живее и пронајдени се повеќе најлонски вреќи со марихуанаа во вкупна тежина од околу 74 килограми и други предмети кои се фото и видео документирани и подигнати за вештачење. Четириесетгодишниот Б.С. е лишен од слобода и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 ст.1 од КЗ на РМ. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена- соопшти Панајотова.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции

Алиу: Одземени се лиценците на шест компании кои одгледуваа марихуана за медицински цели

Горан Наумовски

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Започнаа вонредни контроли на производителите на медицински канабис, под проверка 43 лиценци