Пронајдени и одземени прехранбени производи без декларација

Од:

Пронајдени и одземени се прехранбени производи без декларација, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 15.02.2022 на крстосница за с.Драгоманце, општина Старо Нагоричане, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север била извршена контрола на патничко возило „опел вектра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(34) од с.Алгуња, општина Старо Нагоричане. При контролата биле пронајдени поголемо количество прехранбени производи без декларација и без соодветна документација. За случајот бил известен инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство – Подрачна единица Куманово, кој излегол на местото и констатирал прекршок од Законот за безбедност на храна. Против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, а производите ќе бидат уништени“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ