Пронајдени две починати лица, 19-годишно момче во Скопје и 57-годишен маж во Свети Николе

Од:

Вчера по 17 часот во полиција било пријавено дека на ул.„Перо Наков“, во напуштена куќа бил пронајден починат Р.У.(19) од Скопје, без траги на насилство.

Од МВР соопштуваат дека извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Во Полициската станица во Свети Николе вчера било пријавено дека на ул.„Ванчо Ангелов“ во Свети Николе, во куќа во која моментално престојувал, бил пронајден починат Н.Г.(57) од Свети Николе.

Од полицијата соопштуваат дека извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе, а телото на починатиот е дадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари