Пронајдени 990 стебла канабис сатива во месноста „Крива врба“ кај тетовското село Јанчиште

Од:

Полицијата на две различни парцели во месноста „Крива врба“ во атарот на тетовското село Јанчиште пронајде 990 стебла „канабис сатива“, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Стеблата, како што појасни Јосифовски, се со различна големина, од 50 сантиметри до три метри, подигнати се и ќе се вештачат.

Според него, акцијата е продолжение на активности од минатиот месец кога на три локации во Тетовско беа пронајдени и искорнати 997 стебла „канабис сатива“, кои деновиве беа и уништени во печките на фабриката „Југохром Фероалојс“ во Јегуновце.

Акцијата била спроведена по добиена соодветна судска наредба и во координација со јавен обвинител.

Во август годинава во атарот на гостиварското село Неготино-Полошко беа пронајдени и искорнати 1000 стебла „канабис сатива“.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена