Пронајдени 60 килограми марихуана на стариот пат Охрид – Струга

Од:

Околу 60 килограми марихуана се пронајдени синоќа на стариот пат Охрид – Струга, во близина на мостот на река Сатеска, соопшти МВР.

Дрогата била во 59 пакувања ставени во пет торби, а ја пронашле полициски службеници од СВР Охрид и Криминалистичката полиција – Сектор за недозволена трговија со оружје и опасни материи.

Полициските службеници пронашле и едно пакување со кафеава прашкаста материја која заедно со останатите биле одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

СВР Охрид и Секторот за недозволена трговија преземаат мерки за целосно документирање и расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски