Пронајдени 45 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш

Од:

Во два одвоени случаи полицијата вчера пронашла 45 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш.

Полициски службеници вчера во 18:40 часот, кон патниот премин „Табановце“ после бензинската пумпа на автопатот, кај мостот, забележале комбе „Ивеко“ со струмички регистарски ознаки управувано од 35 годишен жител на Гевгелија. При преглед на возилото, како што е наведено во полицискиот билтен, биле пронајдени 21 мигрант, сите од Бангладеш. Возачот бил приведен и заедно со мигрантите однесен во СВР-Куманово за натамошна постапка.

На автопатот помеѓу двата тунела од Гевгелија кон Демир Капија, синоќа во 20:00 часот, полициски службеници запреле товарно моторно возило „Фиат Дукато“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 37 годишен велешанец. Полицајците го привеле возачот, а во непосредна близина на возилото биле пронајдени 24 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва