Пронајдени 1,5 килограми марихуана во близина на меѓуградската автобуска станица во Тетово

Од:

Килограм ипол непозната тревкаста материја фрлена во близина на меѓуградската автобуска станица во Тетово пронашла утринава тетовската полиција.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека утрово околу 8 часот во близина на високонапонскиот трансформатор кај автобуската станица прво се пронајдени две најлонски пакувања со марихуана завиткани со кафеава селотејп лента, а на оддалеченост од околу педесет метри уште едно такво пакување. Секоја од кесите имало тежина од по околу петстотини грама.

– Трите пакувања се фотодокуменирани и ќе се вештачи нивната содржина, а по извршениот увид се преземаат мерки и активности за утврдување на тоа кој и кога ги оставил, односно за кого биле наменети пакувањата, изјави Јосифовски.

Според полициската статистика, во текот на минатата година имало 68 откриени и пријавени кривични дела на подрачјето на СВР Тетово поврзани со недозволена трговија и производство на дрога. Во нив вкупно биле опфатени 77 сторители за кои била поднесени 61 кривична пријава. При овие полициски активности во текот на 2016 година во полошко биле пронајдени и одземени над 192 килограми марихуана, 55 грама хероин и помали количини други наркотични средства. Во Тетово и тетовско, вкупниот број на регистрирани наркозависници изнесува 489 од кои 40-тина лани се новорегистрирани. Во најголем број станува збор за машки лица од кои најмладите се на возраст од 15 до 16 години, а највозрасниот е на 60 години.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет