Пронајдени 10 илегалци од Авганистан при претрес на дом во кумановското село Лојане

Од:

По предходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на судка наредба, полициските службеници од СВР Куманово  вчера  извршија претрес во домот на С.А.(40) од село Лојане, каде што се пронајдени десет државјани на Авганистан, од кои едното е дете на возраст од 10 години.

Како што информира денеска МВР, С.А. со намера за себе да прибави противправна имотна корист за неутврдена парична надокнада во својата куќа во село Лојане мигрантите ги сместил и засолнил, а со цел истите илегално да ги пренесе преку македонско-српската граница.  Инаку, мигрантите во Авганистан на непознато лице му платиле 7.000 долари за да им организира непречено да стигнат во Италија.

СВР Куманово работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде изготвена кривична пријава за „криумчарење мигранти“.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски