Пронајдена поголема количина марихуана во дом на прилепчанец

Од:

СВР Битола, Полициска станица Прилеп до Основно јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против лицето Е.И. (27) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Од секторот за односи со јавност на СВР-Битола соопштуваат дека во текот на вчерашниот ден, по претходно преземени оперативно тактички мерки и истражни дејствија и по добиена судска наредба, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога од ПС Прилеп извршиле претрес во домот на пријавениот на ул. „Стибера“ во Прилеп и при претресот биле пронајдени едно стебло со корен без листови и кеса наполнета со зеленкаста материја, кои биле одземени со потврда за привремено одземени предмети.

Во соопштението на СВР-Битола се посочува дека кај пријавениот исто така биле пронајдени врвовите од стеблото, кои пријавениот ги спакувал во безбојно полиетиленско пакување и ги закопал во непосредна близина на локалната депонија. По извршеното вештачење било утврдено дека пронајденото стебло е растение од родот „канабис сатива“, а зеленкастата материја е наркотична дрога марихуана со маса од 689,4 грама.

Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 денови.

Би можело да ве интересира

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи