Пронајдена марихуана во Гостивар

Од:

Во рамките на континуираните опeративни активности кои се дел од операцијата „Мрежа” за откривање, отстранување и санкционирање на лица инволвирани во улична и друга трговија со наркотички средства, службеници од Полициската станица Гостивар, вчера попладне извршија претрес во домот и помошните простории ( шупа и гаража) на Б.С(30), лоцирани во Шестата станбена зона во Гостивар.

Во претресот, рeaлизиран со соодветна судска наредба, во дневната соба во куќата, поточно сокриени во фотеља, пронајдени се две најлонски ќесиња со вкупно 32 зипер кеси со непозната тревлива материја, најверојатно марихуана, додека во шупата пронајдена е метална канта, која била закопана во земја, а во која се наоѓале 115 зипер кеси со тревлива материја и најлонско ќесе со извесна количина ( околу 150 грама ) ваква материја.
Сето пронајдено во претресот со потврда е одземено и ќе се вештачи, а по целосното документирање на случајот, против Б.С кој повеќе пати досега е пријавуван за пуштање во промет наркотички средства и кој за време на претресот не бил во домот, ќе следува поднесок.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ