Пронајдена флеш бомба на депонија во Тетово

Од:

Експлозивна направа – флеш бомба, неактивирана и во исправна состојба била пронајдена вчера околу 15 часот од страна на дваесет и осумгодишен тетовец кој со свои роднини собирал старо железо на „дивата“ депонија во близина на „Жито Полог“ во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Бомбата била ставена во црно најлонско ќесе во кое се наоѓала облека и други предмети. Тетовецот веднаш се јавил во Полициската станица Тетово и за кусо време извршен е увид во кој учествувал и претставник на Дирекцијата за заштита и спасување. Бомбата е подигната и безбедно транспортирана рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари