Пронајдена дрога во возило со скопски таблички на излез од Штип

Од:

Полициски службеници вчера попладне пронашле дрога при преглед на патничко возило „Фолксваген туран“со скопски регистарски ознаки, на излезот од Штип кон Велес, во кое се превезувале А.А.(30), П.Р.(27) и Е.П.(30), сите од Скопје.

Како што соопшти МВР, при ивршениот преглед на возилото вчера околу 16.25 часот, биле пронајдени две кеси во кои имало хероин, марихуана и прашкаста материја позната под името „катка“ за мешање на хероинот.

Лицата биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Штип.

По целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги и психотропни супстанции“, казниви по член 215 и член 216 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он