Пронајдена дрога во тетовско, приведени седуммина

Од:

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (5/6 август) во периодот од 23 до 3.30 часот, во непосредна близина на наплатната станица Желино и на подрачјето на тетовско Камењане, лишиле од слобода вкупно седум лица.

При нивен и преглед на возилата во кои се превезувале, “фолксваген голф” и “туран” со тетовски регистерски ознаки и “бмв” со австриски национални ознаки, биле пронајдени кокаин марихуана и дробилка.Лишени од слобода се:Е Т.(22) од тетовски Порој, 21-годишната тетовка Е.С.,Б.Ф.(22), Е.К.(22), Т.Ш.(29) од Тетово ,А.К.(26) од тетовско Камењане и Ј.С.(18) од Австрија.

Седумте лица задржани се во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, согласно член 215 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски