Пронајдена дрога во скопско Јурумлери, приведен дилер на кокаин и марихуана

Од:

Пронајдена е дрога во скопско Јурумлери, приведен дилер на кокаин и марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (20.01.2022) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиена наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом на Т.Т. (43) во с.Јурумлери, Скопје.

При претресот е пронајдена марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага и дробилка. Т.Т. откако ќе набавел поголема количина кокаин и марихуана, ја препакувал во помали пакувања и ја продавал. Т.Т. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 од КЗ“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ