Пронајдена дрога во кичевско, приведени три лица

Од:

Вчера околу 18.00 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Колари, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода 46-годишниот Р.С. од Охрид, 40-годишниот Ј.Т. и 39-годишниот Г.Ш., двајцата од Скопје, извести МВР.

– При преглед во во возилото „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.С., а сопатници биле Ј.Т. и Г.Ш., полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, пари во различни валути и апоени и други предмети. Денеска (08.07.2022), врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид извршиле претрес во домот на Р.С.(46) од Охрид, при што биле пронајдени и одемени марихуана, пластичен шприц со течна материја, метална дробилка и други предмети, соопшти МВР.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски