А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Пронајден обесен маж за кого се претпоставува дека е убиецот од Злетово

by А1он25/11/2014 - 13:3525/11/2014 - 14:41212
Share0

Обесен маж за кого се претпоставува дека е 40-годишниот професионален војник Драган Маноилов, осомничен за денешно тројно убиство во Злетово, бил пронајден попладнево во бачило во близина на градот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од СВР Штип информираат дека се работи на утврдување на идентитетот на обесеното лице.

Маноилов, според првичните сознанија на полицијата, изутрината ги уби Илија М. (65), Јана М. (63) и Методи М. (50). Илија и Јана се родители на неговата поранешна сопруга, а третиот чичко на момче за кое тој се сомневал дека е во врска со неговата екс сопруга.

Според жителите на Злетово, Маноилов рано утрово, откако дошол од кумановската касарна, каде што работел, вооружен со пушка влегол најпрвин во домот во кој живеело момчето за кое се сомневал дека е во некаква врска со неговата поранешна сопруга.  Вратата му ја отвориле бабата и мајката на момчето, во нив не пукал, но на лице место го убил неговиот чичко Методија Димитровски (50), кој бил вработен како пазарен инспектор во Пробиштип.

Следете a1on на Youtube YouTube

Колегата на Димитровски, Ангел Серафимовски вели дека тој дваесет години работел заедно со него.

– Ваква трагедија во Злетово досега не се случила. Мојот колега беше мирен човек и се надевам дека истражните органи ќе го пронајдат убиецот, рече Серафимовски.

Убиецот откако не го пронашол момчето се упатил кон куќата на родителите на неговата поранешна сопруга каде што на лице место ги убил. Во куќата бил и неговиот поранешен шура кој се обидел да го совлада и му го зел оружјето (пушката) по што сторителот на тројното убиство со својот автомобил избегал.

Првите соседи на семејството на неговата поранешна сопруга велат дека Драган Маноилов (40), кој го изврши тројното убиство во Злетово, постојано ги малтретирал неговите поранешни баба и дедо, како и неговата поранешна сопруга, со која има две малолетни деца.

Маноилов бил и пријавуван во полицијата и во Центарот за социјални работи за насилство. За ова од полицијата потврдуваат дека тој има веќе две кривични пријави, една за семејно насилство, а втората за крвничко претепување токму на момчето за кое се сомневал дека е во некаква врска со неговата поранешна сопруга.

Сторителот на тројното убиство во два наврати бил и во мировна мисија и во Авганистан. 

crna hronika

Би можело да ве интересира

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он22/03/2026 - 14:16

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Предраг Петровиќ01/07/2025 - 16:56

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Предраг Петровиќ10/01/2024 - 16:06

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Катерина Ѓуровски05/10/2023 - 11:26

Прегазено дете во Штип

Катерина Ѓуровски03/01/2021 - 13:08

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска30/12/2020 - 14:4731/12/2020 - 01:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто