Пронајден череп во близина на преминот Стража

Од:

Остатоци од човечки череп се откриени покрај коловозот на магистралата Гостивар-Кичево во близина на преминот Стража. Полициска екипи по наредба на Јавен обвинител извршила увид на местото и во текот на денот се планира дополнително пребарување на теренот, информираат од СВР Тетово.

Според првичните сознанија, черепот го забележал случаен минувач, кој вчера, околу 13 часот, застанал на едно проширување од патот на половина километар од преминот Стража. По пријавувањето бил извршен увид, при што е констатирано дека на черепот му недостасува долната вилица. Пронајдениот материјал е даден на вештачење за да се утврди староста и други поединости со ова откритие.

Од СВР Тетово информираат дека местото и теренот се обезбедени, а во координација со Јавен обвинител и специјализирани екипи во текот на денот се очекува да почне пребарување на околината.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Во акција на МВР и АНБ: Запленето електронски докази, оружје и куршуми

Нападнат полицаец на Водно