Промовирани проектите за пробивање на улиците „Христијан Тодоровски-Карпош“ и проширување на „БиХ“

Од:

Кандидатите за градоначалници на Град Скопје и Општина Бутел, Коце Трајановски и Петре Латиновски, заедно со носителите на советничките листи за советите на Градот Скопје и Општина Бутел, Владо Поповски и Боби Бојчевски денеска ги промовираа проектите за пробивање на булеварот “Христијан Тодоровски Карпош” и реконструкцијата и проширувањето на улица “Босна и Херцеговина”.

Во програмата Трајановски е предвидено Градот Скопје да изработи техничка документација за продолжување на булеварот “Христијан Тодоровски Карпош” од подвозникот и ќе се поврзе оваа сообраќајница со заобиколницата. По изработката на техничката документација ќе се пристапи на реализација на овој проект,  што ќе зависи од расчистувањето на имотно-правните односи кои се на неговата трасата. Трасата на која ќе се пробие новиот дел од булеварот “Христијан Тодоровски Карпош” е во должина од околу 1.750 метри.

– Пробивање на булеварот “Христијан Тодоровски Карпош” е од големо значење за Градот Скопје и Општина Бутел, бидејќи тука гравитираат и општините Чаир и Гази Баба и со неговата реализација ќе се овозможи алтернативен влез на Општина Бутел до Градот Скопје, бидејќи сега улицата “Бутелска” е единствениот влез и излез кон градот и таа е сообраќајно оптеретена, пред се во сообраќајниот шпиц, посочи Трајановски.

Во новата програма е предвидено и изработка на проект за проширување и реконструкција на улицата “Босна и Херцеговина”. Оваа сообраќајница ќе се прошири на потег од булеварот “Христијан Тодоровски Карпош” до булеварот “Словенија” во должина од 1200 метри, каде ќе се добие модерно сообраќајно решение со 4 сообраќајни ленти. Предвидено е да се реализира фазно, во зависност од решавањето на имотно-правните односи.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука