Промовирани нови 569 полициски службеници

Од:

Во Центарот за обука на МВР во Идризово денеска 569 кандидати од генерацијата 2019-2020 година, кои минаа ригорозни конкурсни селекции и ја завршија едногодишната обука беа промовирани во нови полициски службенци.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој им се обрати и им честита на новите полициски службеници, им порача и дека ова е почеток на низа континуирани чекори при што дополнителната едукација и животните и работните искуства ќе кулминираат во живот воден од желбата пожртвувано да се придонесе за благосостојбата на луѓе околу нив, на општеството и државата.

– Посебно се радувам што сите вие 569 кандидати, кои што ги минавте ригорозните конкурсни селекции, ја завршивте едногодишната обука со солиден успех, како една од поуспешните полициски генерации во изминативе десетина години, а како награда за вашата посветеност најдобрите од вас ќе имаат можност да бираат во која организациона единица во МВР би сакале да ја продолжат својата професионална кариера, рече Спасовски пред присутните, меѓу кои и премиерот Зоран Заев, првиот заменик на претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, како и раководителот на Центарот за обука на МВР, Гоце Бачанов.

На новите полициски службеници денеска им се обрати и премиерот Зоран Заев, кој меѓу другото нагласи дека како и со секоја генерација претходно, така и со оваа, инструкторите од Центарот за обука на МВР со успех создалеа уште една генерација полициски службеници.

На најдобрите Блашко Тодоров, Никола Станоев, Павел Арсовски, Ќирче Атанасов, Роберт Коруновски, Сара Максимовска, Александар Николовски, Николче Житошански, Влатко Владевски, Кристијан Јосифовски, Јована Атанасовска, Ангела Митевска и Симеон Ристевски им беа доделени плакати.

Би можело да ве интересира

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски