Промовирана втората фаза од „Интегрирано гранично управување“

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и евроамбасадорот Аиво Орав денеска присуствуваа на презентација на имплементацијата на проектот „Интегрирано гранично управување“ – ТЕТРА втора фаза во рамки на дигиталниот систем за радио комуникации за потребите на полицијата, со поддршка на ЕУ.

Овој систем, нагласи Јанкулоска, обезбедува безбедна и стабилна комуникација помеѓу полициските служби во земјата на национално ниво, со што значајно се зголемува целокупната ефективнoст и ефикасност на полициското работење.

– Со завршување на овој и реализација на идниот проект „Интегрирано гранично управување“ – ТЕТРА 3 во рамки на ИПА 2009 програмата очекуваме да се постигне максимална покриеност на целата територија на Република Македонија со полициски дигитален радио сигнал, рече министерката Јанкулоска.

Евроамбасадорот Орав истакнувајќи дека ЕУ ќе продолжи со поддршката за спроведување на реформите во полицијата, информирајќи дека финансиската помош за овој проект преку ИПА фондовите изнесува до 21 милион евра.

– Сакам да нагласам дека самата заложба на Владата да го придвижат овој процес е од клучна важност, потенцира Орав.

Инаку, во рамки на КАРДС програмата 2004 година е реализирана првата фаза од ТЕТРА проектот, чија вредност беше 8 милиони евра. СО овoј проект се овозможи 40 проценти покриеност со дигитален радио сигнал на територијата на државата.

Во новиот финансиски инструмент ИПА од програмата за 2008 година, беа обезбедени 5,4 милиони евра за спроведување на втората фаза од проектот за проширување на дигиталниот систем за радио комуникации на околу 65 проценти од територијата на Република Македонија.

Во рамки на проектот меѓу другото е извршена изградба на 26 нови базни станици и подобрување на 11 постоечки, извршено е планирање на радио покриеноста, а изготвени се и препораки за употреба и одржување на системот.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР