Промовирана велосипедско-пешачката патека од село Ваташа до Моклиште

Од:

Во Општина Кавадарци денеска беше промовирана велосипедско-пешачката патека од село Ваташа до Моклиште, долга четири километри.

За реализација на патеката се потрошени 29,5 милиони денари, од кои 29 милиони се обезбедени преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, а останатите средства ги покрива Општина Кавадарци.

Освен граѓаните и рекративците, патеката ќе може да ја користат и лицата со инвалидитет.

– Патеката е збогатена со спортски содржини, места за одмор и современо осветлување. Сега кавадарчани може безбедно да се рекреираат од градот преку село Ваташа, па се до Моклиште. Ова е безбедно место за пешачење, возење велосипед и трчање. Патеката е така направена за да можат да ја користат и лицата со попреченост, изјави кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и најави дека Општината ќе продолжи со проекти од областа на спортот.

На промоцијата присуствуваа и министрите за локална замоуправа и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Милевски и Арјанит Хоџа, како и директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски. Тие напоменаа дека реализацијата на патеката од Ваташа до Моклиште е уште еден доказ дека средствата одвоени за рурален развој даваат резултат.

– Задоволен сум што нашите и средствата од другите министерства се насочени кон развој на регионите. Согласно новиот Закон за рамномерен регионален развој, сите средства за институциите мора да го запазуваат степенот на развиеност, а програмите треба да минуваат преку Советот за рамномерен региоанален развој, истакна Милевски, додавајќи дека ако се утврди каков било диспбаланс, средствата ќе бидат прераспределени преку Советот.

Тој воедно упати апел за претстојните празници граѓаните, наместо да се собираат во затворени простории, да ја искористат можноста и да се рекреираат.

Министерот Хоџа рече дека патеката е добар пример како треба да постапуваат и другите региони.

– Се покажува дека политиките на Владата и на Минисерството за земјоделство во делот на руралните средини даваат резултат. Ќе проолжиме со реализиација на вакви добри, одржливи проекти, напомена Хоџа.

Според директорот на Платежната агенција, Општина Кавадарци важи за една од подобрите искористувачи на предвидените средства за рамномерен регионален развој.

– Имаме околу 202 проекта со вкупна вредност од 38 милиони евра со кои се подобрува руралниот развој, нагласи Бачовски.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Маж од Кавадарци задобил тешки повреди на работното место

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена

42-годишен кавадарчанец ја истепал сопругата, насилникот заработи кривична

Кавадарчанка ја тепала својата мајка

Горан Наумовски