Промовирана програмата на кандидатот за градоначалник на Могила од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вечерва во пелагониската општина Могила ја промовираше програмата „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра општина Могила“ на кандидатот за градоначалник Славко Велевски.

На промотивниот настан што се одржа во новите административни простории на општина Могила, присуствуваа членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, како и истакнатите функционери на таа партија Зоран Коњановски, Христијан Делев и Цветко Трифуновски.

– Земјоделците од народната влада на ВМРО-ДПМНЕ оваа година ќе добијат субвенции во висина од 135 милиони евра. Имаме поддршка од граѓаните затоа што сме луѓе од збор, затоа што сме принципиелни и имаме континуитет во нашите политики, посочи заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски.

Според актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник Славко Велевски, граѓаните имаат нова можност за избор и одлука за тоа кој да раководи со нивната локална самоуправа во наредниот мандатен период.

– Изборот не секогаш е лесен и едноставен, но знам дека секој го препознава чесниот и искрен пристап во работата. Ние имаме конректна и со рокови утврдена програма, наспроти без идејноста на против кандидатите. Во новиот 4 годишен период ќе оствариме резултати преточени во нови асфалтирани патишта, водоводи, повеќе наменски игралишта, училишта и спортски сали, издвои од своите програмските определби, кандидатот за градоначалник Славко Велевски.

Би можело да ве интересира

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Сиљановска од Струмица: Оттука ќе тргне политичкиот вулкан и ќе стави крај на феудалните енклави на замислените европјани

А1он

Апасиев: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

А1он

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески