Промовирана програмата на кандидатот за градоначалник на Илинден Жика Стојановски

Од:

Актуелниот градоначалник на општина Илинден и кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Жика Стојановски денеска ја промовираше Изборната програма за претстојните локални избори.
Тој во своето излагање посочи дека приоритет во новиот мандат доколку го добие ќе му биде намалувањето на невработеноста.

– Мојата заложба е интензивното инвестирање во инфраструктура и инфраструктурни објекти, отворање работни места, изградба и подобрување на патна инфраструктура, изградба на фекална канализација, отворени одводни канали и зафаќање на атмосферски води, рече Стојановски.

Во образложението на Изборната програма 2013-2017, нагласи дека таа се базира на исцрпни, стручни и реални анализи и архивирани информации, од кои произлегуваат конкретни проекти, со дефинирани термини за реализација и посочени извори на финансирање.

Стојановски пососчи дека доколку ја добие довербата на граѓаните ќе продолжи со подобрување на патната инфраструктура, изградба, реконструкција и рехабилитација на локални улици и патишта, изградба на фекална канализација со пречистителни станици, поставување на канализациски цевки и шахти и монтирање на две пречистителни станици во Илинден и Кадино.

– Изградба, асфалтирање на нови улици и патишта во должина од 40 километри во сите 12 населени места, како и одржување, и реконструкција на постоечката патна инфраструктура во должина од 275 километри на територија на општината, истакна кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ на Илинден.

Тој рече дека во текот на оваа година интензивно ќе работат и на чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали, речни корита, и зафаќање и одведување на атмосферските води, изградба на ново основно училиште во населба Илинден, реализација на Проектот енергетска ефикасност во објекти во сферата на образованието, бесплатните курсеви по странски јазици, музика и уметност за сите ученици, климатска рехабилитација на учениците, реконструкција и модернизација на основните училишта…

Во делот на спортот најави изградба на две повеќенаменски игралишта во населените места Илинден и Кадино, мали повеќенаменски спортски терени во Ајватовци и Бучинци, стадион со трибини во населба Илинден, затворено спортско стрелиште, детски игралишта со реквизити…
Културата и традицијата, како што рече Стојановски, се белег на нашето постоење и значаен симбол на културниот идентитет на секој народ.

– Развојот на културата, сочувувањето и негувањето на културните вредности како еден од важните сегменти во работењето на Владата на ВМРО ДПМНЕ, претставува голем предизвик и поттик за наше што поголемо ангажирање на локално ниво, рече Стојановски посочувајќи дека ќе продолжи изградбата и реконструкцијата на домови на културата.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Зеленски: Украина ќе ја загуби војската доколку ја прекине воената состојба поради избори

Горан Наумовски