Промовирана лабораторија за ХПВ на Клиниката за гинекологија и акушерство

Од:

Лабораторија за ХПВ (хуман папилома вирус) типизација и онкопрофилакса инсталирана на Клиниката за гинекологија и акушерство е промовирана денеска во присуство на премиерот Никола Груевски и министрите за здравство и за образование и наука, Никола Тодоров и Панче Кралев. Вредноста на новата апаратура е 8,5 милиони денари.

Министерот Тодоров изјави дека станува збор за најсовремена лабораторија која овозможува не само утврдување на постоење на ХПВ, туку и типизација односно утврдување на типот на вирусот и на тој начин подобра дијагностика.

– На Клиниката се прават од четири до пет илјади вакви испитувања годишно и ова ќе помогне за сериозно подобрување на квалитетот на ова испитување и на третманот на овие пациентки, посочи Тодоров.

Директорката на Клиниката, Марија Хаџи Лега изрази благодарност до Владата која, како што рече, овозможи осовременување и надополнување на веќе постоечката лабораторија за ХПВ дијагностика и онкопрофилакса.

– Со новата апаратура постигнато е значително зголемување на детекцијата на присуството на ХПВ во цервикалните брисеви кај женската популација како и детектирање на типот на вирусот и во присуство на многу мали концентрации на вирусот. ХПВ, не сите типови, за жал само некои од тие високо ризични типови на ХПВ се предизвикувачи на цервикалниот карцином, кој како таков во нашата земја, е на второ место во цела Европа, истакна Хаџи Лега.

Таа посочи дека со овој чекор значително би се вложиле напори во превенција на цервикалниот карцином заедно со вообичаениот ПAП тест во комбинација со ХПВ типизацијата.

– Со новата апаратура е овозможено автоматизирање на обработката на овие цервикални примероци и одредување на концентрацијата на вирусот во примерокот од брисот од грлото на матката, рече Хаџи Лега.

Таа упати апел до родителите на тинејџерската популација во Македонија, а со цел намалување на бројот на заболени со ХПВ, да го подобрат здравјето на нивните деца, односно да водат грижа за иднината на нивните деца и да се вклучат во имунизацијата со задолжителното имунизирање со ХПВ вакцината која штити од највисоко ризичните типови. Додаде дека со тоа тие би придонеле до намалување на процентот на цервикален карцином во државата.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека постои заинтересираност за ХПВ вакцинација, но оти тоа се уште тоа е табу тема кај родителите на тинејџерската популација.

– Присутноста на ХПВ е многу висока и е врзана со сексуалното живеење на популацијата. Би требало да се подигне свесноста на популацијата за можноста од ХПВ, посочи Хаџи Лега.

Министерот Тодоров одговарајќи на новинарско прашање рече дека кога го почнале скринингот за рак на матката тргнале само со ПАП тестот и оти размислуваат сега да го воведат и ХПВ тестот како скрининг на определена популација. Веројатно, додаде Тодоров, тоа може да почне од средината на оваа година.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти