Промовирана книгата „Современ менаџмент на системот за заштита и спасување“ од Солунчевски

Од:

Македонско научно друштво-Битола синоќа во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ ја промовираше книгата „Современ менаџмент на системот за заштита и спасување“ чиј автор е Менде Солунчевски, професор на Воената академија во Скопје, Бизнис академијата Смилевски од Битола, Славјанскиот универзитет-Свети Николе и вработен во Министерството за одбрана.

Според рецензентот и промотор на книгата Лидија Стефановска, книгата претставува професионален и структурен спој на менаџментот и системот на заштита на спасување.

– Книгата е добро структуирано интелектуално дело, напишано со модерен стил и јасен и разбирлив речник. Вредноста на трудот посебно се зголемува бидејќи успешно е извршено спојување на две важни проблематики кои се во насока на подобрување на системот за заштита и спасување во Република Македонија. Делото на авторот Солунчевски се вбројува во еден од најсеопфатните трудови од областа на системот за заштита и спасување објавени во државата, нагласи Стефановска.

Авторот Солунчевски посочи дека современото општество презема бројни мерки и активности за заштита и спасување на населението и материјалните добра од различни извори на загрозување.

– Потребен е интегриран пристап за искористување на научните и практичните сознанија во менаџментот и заштитата и спасувањето заради воспоставување на современ менаџмент во заштитата и спасувањето, а со цел ефективно и ефикасно справување со актуелните природни непогоди и несреќи, рече Солунчевски.

Издавач на книгата е Македонско научно друштво-Битола.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките