Промовиран Советот за волонтерство на општина Битола

Од:

Младински културен центар – Битола и Општина Битола го промовираа Советот за волонтерство на општина Битола, формиран во рамките на проектот „Инспирирај, вклучи се, волонтирај!“ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, а спроведуван од Младински културен центар – Битола.

Градоначалничката Наташа Петровска го поздрави формирањето на ваквиот совет и залагањето за што поширока опфатност на волонтеризмот во денешното живеење.

„Се вклучуваме со конкретни активности коишто се однесуваат на волонтеризмот, нешто што го започнавме неодамна со потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу МКЦ и Општина Битола, а е во функција и насока на јакнењето на културата за волонтеризам помеѓу младите луѓе и на тој начин вклучување во општествената заедница и подготовка за уште поголем придонес во подоцнежната фаза од нивните животи. Ова е добар проект којшто покажува дека не само младите туку и граѓанството треба повеќе активно да се вклучува во својата општествена заедница и заедно со локалната самоуправа да прави чекори и активности што се во функција на подобрување на условите во општината“, рече градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска.

На настанот беше промовиран Советот за волонтерство, а свои обраќања имаа Марија Мерковска – координатор на проектот „Инспирирај, вклучи се, волонтирај!“, Виолета Налевска – советник за економски развој во Општина Битола и Виктор Илиев, претседател на Советот за волонтерство. Во рамките на овој настан се одржа локалната дискусија на тема „Влијанието на волонтирањето врз заедницата“, чиј фасилитатор беше Сашо Додовски.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките