Промовиран Проектот за реконструкција и проширување на ул. „Јордан Мијалков“

Од:

Кандидатите за градоначалници на Град Скопје и Општина Центар, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ денеска го промовираа проектот за реконструкција и проширување на улицата „Јордан Мијалков“ (поранешна улица „Железничка“) во Центар.

Со проектот е предвидена целосна реконструкција на улицата „Јордан Мијалков“, како и нејзино проширување, со што ќе се добила модерна сообраќајница со 4 сообраќајни ленти.

Реконструкцијата и проширувањето ќе се изврши по целата должина на улицата „Јордан Мијалков“ од крстосницата со булевар „Водњанска“ до крстосницата со булевар „Кочо Рацин“ и улиците „Павел Шатев“ и „Антон Попов“, поточно на потег од околу 850 метри.

– Покрај реконструкција и проширување на коловозот, на улицата „Јордан Мијалков“ ќе се постави ново улично осветлување и нови тротоари, а ќе се реконструира и постојната атмосферската, водоводна и фекалната канализација. На овој начин сметаме дека ќе се подобри проточноста на сообраќајот во овој дел на градот Скопје. Ова јасно зборува дека како приоритет во наредниот наш мандат останува подобрување на сообраќајот на Градот Скопје што ќе се оствари преку големиот број на проекти предвидени во нашите програми, изјави Трајановски.

Тој потенцираше дека со реализацијата на големиот број на нови сообраќајни решенија, како што се овој нов булевар, како и подземните сообраќајници позади Рамстор и по кејот на Вардар од објектот на Влада на РМ до Комплекс банки, ќе придонесат да се премости централното градско подрачје односно Големиот ринг, со што значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот во главниот град.

За реализацијата на овој проект се предвидени околу 60 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов