Промовиран проектот за асистивни уреди

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, директорот на УСАИД Џејмс Стејн и Владимир Лазовски од Здружението „Отворете ги прозорците“ денеска го промовираа проектот за асистивни уреди.

Асистивните технологии се однесуваат на помошни уреди кои ги користат лицата со посебни потреби при работа со компјутери, како што се тастатури со големи копчиња, издвоени кликови итн.

– Ценејќи дека овој проект во голема мера има заеднички цели со активностите на Министерството, решивме да го поддржиме проектот со набавка на пакетите на уреди од асистивни технологии за избрано 31 основно училиште во Македонија. Во рамки на јавната набавка која денеска ќе ја објавиме, е вклучена количина со која со асистивни уреди ќе се опреми по едно место во сите бесплатни интернет клубови во земјата. УСАИД и Здружението „Отворете ги прозорците“ ќе ги ориентира своите ресурси за обезбедување на обуки во училиштата за примена на овие уреди од страна на учениците и ќе обезбеди обуки на администраторите на Министерството за информатичко општество и администрација за одржување на уредите, рече Ивановски.

Проектот за е-пристапно образование, финансиски поддржан од УСАИД и спроведуван од Здружението „Отворете ги прозорците“ има главна цел да придонесе кон поттикнување на инклузијата преку овозможување на примена на асистивни технологии во образованието за учениците со посебни образовни потреби.

Директорот на УСАИД Џејмс Стејн истакна дека иницијативата на Министерството за информатичко општество и администрација за спроведување и финансирање на набавка на асистивна технологија за втората фаза на проектот е доказ за визијата и посветеноста на Владата на Република Македонија за поддршката на иднината на образованието за децата со посебни потреби.

– Набавката на асистивни уреди од МИОА што ја промовираме денеска ќе овозможи слична поддршка да добијат околу 300 ученици со посебни образовни потреби од 31 редовно основно училиште од целата земја. За возврат, „Отворете ги прозорците“ ќе испорача обуки за наставниците, стручните тимови и систем-администраторите на овие училишта, изјави Лазовски.

Би можело да ве интересира

Македонски ученици освоија три бронзени медали на Интернационалната олимпијада по информатика

Ана Ололовска

Бронзен медал за македонските млади информатичари на Европската јуниорска олимпијада по информатика одржана онлајн во Грузија

Ана Ололовска

Два освоени медала на 13. Јуниорска балканска олимпијада по информатика

Ана Ололовска

Балканска олимпијада во информатика во Скопје

Ана Ололовска

Во Штип „DigiGirlz“ караванот на Мајкрсофт Македонија

Ана Ололовска

„DigiGirlz“ – можности девојките да станат дел од ИТ-светот

Ана Ололовска