Промовиран проектот „Полицајци – велосипедисти“ во општина Центар

Од:

Денеска пред СВР Скопје –Полициска станица Центар беше промовиран проектот „Полицајци – велосипедисти“. На почетокот на територијата на општина Центар ќе патролираат шест полицајци, по двајца полицајци-велосипедисти во одделни реони. Со ова ќе се подобри ефикасноста во извршување на секојдневните задачи и активности на униформираните полицајци во централното градско подрачје.

Со ова ќе се придонесе и во борбата за заштита на животната средина. Овој проект
во иднина ќе се усовршува и надоградува со цел за подобар квалитет во безбедноста и сигурноста на граѓаните.
Полицајците – велосипедисти треба да бидат главен двигател во имплементацијата на проектот „Полицијата и граѓаните“ со нови стандарди и начини на комуникација и соработка.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски