Промовиран проектот „Обединети преку спорт”

Од:

Зголемување на бројот на девојки кои се занимаваат со спорт, поттикнување учество на маргинализирани групи на граѓани во спорт, како и обучување на лица за решавање конфликтни ситуации и изградба мир преку спорт и спортски активности има за цел проектот „Обединети преку спорт”, на невладината спортска организација „ТАКТ“, во соработка со Амбасадата на САД во Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Факултетот за физичко образование спорт и здравје.

Како што соопшти Агенцијата за млади и спорт, проектот предвидува креирање на Мрежа на спортски лидери за промоција на спортски вредности, имплементација на акциски планови и можност за учество на двонеделна обука во САД и соработка со Центарот за спорт, мир и општество од САД.

На промоцијата на проектот свое излагање имаа Лора Браун од Амбасадата на САД во Македонија, претседателката на организацијата ТАКТ Силвија Митевска, деканот на ФФОСЗ Ленче Алексовска Величковска и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

– Родовата еднаквост и зајакнувањето на правата на жените се од суштинско значење за постигнување на целите за еднакво општеество. Ние се залагаме за еднаквост во спортот за секоја девојка и жена и промовираме здрави навики и спортско лидерство во сите области во спортот, истакна Спасески.

Тој додаде дека е горд што Агенцијата за млади и спорт ќе учествува во овој проект со логистичка поддршка и дополнително ќе вклучи свои вработени во овој проект, кои во иднина ќе ја пренесат целосната идеја на проектот како спортски лидери низ целата територија на Македонија со една цел за здраво и еднакво општество, без стереотипи.

Би можело да ве интересира

„Над 100 жени зад воланот: Женско Рели повторно ќе се вози низ улиците на Скопје”

Предраг Петровиќ

Реал во проблем пред реваншот против Сити

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ужас во Хрватска – Американецот заби, кошот падна врз него

Предраг Петровиќ

Формула 1 ги откажува трките поради конфликтот на Блискиот Исток

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шок во Атина, Црна Гора ја победи Грција

Предраг Петровиќ

Како навивачите станаа аналитичари на спорт

А1он