Промовиран прирачник „Тајните на рачната бусола М53“

Од:

Во организација на Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ синоќа во Велес беше промовиран прирачникот „Тајните на рачната бусола М53“ што го подготви извидникот Бојан Миклош, член на велешкиот извиднички одред и студент на Воената Академија во Скопје.

Според Миклош, целта на издавање на прирачникот е да има стручна литература за оваа алатка.

– Целта е преку прирачникот за оваа алатка – инструмент што секојдневно го користи Извидничката организација да им помогне на извидниците да прочитаат и научат преку прикази и графикони како полесно да се справат со тајните и ракувањето со овој инструмент, кој се користи на терен за ориентација во природа, појаснува Миклош.

Прирачникот не е наменет само за извидниците туку за секој кој е љубител на прошетки во природа и му треба познавање за да се снајде на теренот, во областа на ориентација и топографија.

– Овој прирачник иако има извиднички предзнак и го носи логото на ИО „Димитар Влахов“ од Велес, освен извидниците ќе може да го користат и припадниците на АРМ и полицијата, членовите на планинарските друштва и вработените во шумските претпријатија, вели Миклош.

Ова е прв ваков прирачник за рачната бусола издаден на македонски јазик. Досега се користела стручна литература на српски и други јазици. ИО „Димитар Влахов“ планира издавање и на друга стручна литература на македонски јазик која ќе им биде неопходна за едукација на нивните членови и извидниците во земјава во секојдневните бројни активности.

Би можело да ве интересира

Пронајдени се телата на двајца хрватски планинари на Алпите

Ги нападнале овчарски кучиња, се качиле на столб за мобилна телефонија – спасени белгиски планинари во Ценар Жупа

Катерина Ѓуровски

Голема потрага по двајца планинари кои се изгубија на македонско-косовската граница

(ВИДЕО) Спасувачка акција на Шар Планина: Две Американки се изгубија, спасувачите ги бараа цела ноќ

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

A1on