Промовиран повикот „Предизвик за млади истражувачи“ во Општина Кисела Вода

Од:

Денес во Општина Кисела Вода, Фондот за иновации и технолошки развој изврши презентација на Јавниот повик за финансирање на истражувачки проекти во основните и средните училишта насловен: „Предизвик за млади истражувачи“.

„На презентацијата директорите и наставниците по предметите по природни и технички науки од општинските основни училишта имаа можност да се запознаат со условите за учество на јавниот повик.

Целите на иновацискиот натпревар за креирање на истражувачки проект од областа на природните и техничките науки се следните: поттикнување на учениците на креативни решенија за проблеми и прашања со кои се соочуваат, како и наставниците и учениците заедно да работат на иновативни идеи.

На повикот може да учествуваат сите основни и средни училишта на територијата на Република Северна Македонија, со натпреварувачки тим составен од 1 до 2 наставници ( ментори на проектот) и 3 до 7 ученици ( учесници во проектот). Истражувачките проекти треба да бидат од областите на природните и техничките науки. Процесот на истражување треба да се основа на „научен метод“, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда/модификација на хипотеза по пат на експеримент и наблудување. Предложените истражувачки проекти треба да бидат комплементарни на наставните програми и да соодвествуваат со когнитивните способности на возрасната група.

Ќе бидат доделени награди во две категории: истражувачки проекти во основното образование и истражувачки проекти во средното образование. Буџетот на поединечен предлог проект не може да надминува 300.000,00 денари“, велат од Општина Кисела Вода

Пријавувањето на предизвикот за млади истражувачи трае до 31.03.2019 година. Документите потребни за аплицирање се достапни на  сајтот: www.fitr.mk/predizvikzamladi2/.

Би можело да ве интересира

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он

Стаменкоска Трајкоска: Во изминатите четири години во Кисела Вода се работеше за народот, така и ќе продолжиме

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината

Ѓорѓиевски: Повеќе од 20 спортски терени се изградени изминативе четири години во општина Кисела Вода

Почина жена, а малолетник е во Ургентен центар по пад од зграда во Кисела Вода