Промовиран Извештај за овозможувачка околина за работа на граѓанските организации

Од:

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денеска го промовираше четвртиот Извештај за овозможувачката околина за работа на граѓанските организации во Македонија и во регионот.

Извештајот ги следи состојбите во три области: Основни загарантирани законски слободи, Рамка за финасиска одржливост на граѓанските организации и Односот меѓу Владата и граѓанските организации.

Извршниот директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) Александар Кржаловски информира дека она што е карактеристика за 2016 година е зголеменото учество на граѓаните на протести кои, како што рече, поминаа во релативно мирна атмосфера.

– Беа овозможени тие собири со мали нарушувања или притисоци или прекумерно присуство на полицијата. Но, генерално беше овозможена слободата на собирање и изразување на протест, рече Кржаловски.

Тој истакна дека во 2016 имало притисок, директен или индиректен, на граѓанскиот сектор особено кон крајот на годината со објавувањето на кампањата за десоросоидизација.

– Само по себе и не е проблем, односно тоа им е работа да вршат контроли. Она што е проблематично е што 21 организација што е определена за проверка, имаа свои кампањи или учествуваа во заедничка кампања поврзана со изборите на 11 декември што остава простор за сомнеж, рече Кржаловски.

Ивештајот покажал дека финансирањето по многу години стаганција е зголемено, но се уште е далеку од потребите за финансирање на граѓанскиот сектор од буџетот.

– Вкупното финансирање е зголемено од 4,5 на 6 милиони евра, а од специфичното од 250 на 800 илјади евра, што споредбено со другите држави е многу мал износ за финансирање и се уште секторот зависи од странски донации и тоа треба да се смени на патот кон ЕУ, нагласи Кржаловски.

Минатата година, како што рече, прилично ја немаше соработката со Владата поради политичката криза.

– Партиите повеќе се занимаваа со самите себе, со Владата и со опозицијата отоколку со развојот на демократијата и граѓанскиот сектор, рече Кражаловски.

Би можело да ве интересира

Сопругата на претседателот Пендаровски покровител на фестивалот „Ден на граѓанските организации“

Ана Ололовска

Граѓанските организации дадоа посебен придонес во борбата со Ковид-19, остануваат силен партнер на Владата

Ана Ололовска

Фондот за Западен Балкан ги помага капацитетите на регионалните НВО во борбата против организираниот криминал

Ана Ололовска

Царовска на состанок со ССМ, граѓанските организации и инспекторатите: Почитувањето на протоколите за заштита од Ковид-19 во фабриките е наш приоритет

А1он

Анкета: 10,3 отсто од македонските граѓани не веруваат дека коронавирусот постои

А1он

Царовска на координација со УНДП и граѓанските организации: Сите предлози и сугестии се добредојдени, Владата вложува максимални напори да ги заштити работниците и бизнисот

Ана Ололовска