Промоција на „Збирка на пресуди на ЕСЧП по членот 10 – слобода на изразување“

Од:

Академијата за судии и јавни обвинители и Министерството за правда на Република Македонија денеска ќе ја промовираат публикацијата „Збирка на пресуди на Европскиот суд за човекови права, по членот 10 – слобода на изразување“.

На промоцијата ќе се обратат министерот за правда Блерим Беџети, директорот на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права Костадин Богданов  и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска.

Во два тома од Збирката се содржани преводи на значајни пресуди и одлуки на Европскиот суд за човекови права против други држави во однос на член 10 слобода на изразување од Европската конвенција за човекови права, а воедно се содржани и две одлуки против Република Македонија.

Правото на слобода на изразување е фундаментална основа на демократијата и право кое покрај  другите меѓународни документи кои се ратификувани од страна на Република Македонија се гарантира и со членот 10 од Европската конвенција за човековите права.

Членот 10 од ЕКЧП, а посебно судската пракса на Европскиот суд за човекови права се исклучително важни за државите-потписнички на Конвенцијата и тоа не само заради владеењето на правото, туку и заради вградување на стандардите и принципите  во законите и во праксата на домашните судови.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност