Промоција на „Ветерот носи убаво време“

Од:

Новата антологија „Ветерот носи убаво време“, создадена од творби на млади македонски поети и писатели, ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во рамките на литературната манифестација „Илинден“.

Приредувачи на антологијата се Весна Мојсова-Чепишевска, професорка по Современа македонска книжевност на Филолошкиот факултет и Иван Антоновски, поет, литературен критичар и припадник на оваа најмлада македонска книжевна генерација.

Книгата ќе ја промовира професорот Венко Андоновски, а свој настап ќе имаат и дел од застапените автори: Винета Огненоска, Душко Крстевски, Анета Василева, Анета Попова, Маја Којчева, Марјан Тасевски, Митко Гогов, Драгана Евтимова, Славица Гаџова, Марина Мијаковска, Елена Пренџова, Томислав Каранфиловски, Ана Голејшка, Ирена Цветковиќ, Алекс Букарски, Ненад Јолдески и Давор Стојановски.

Книгата содржи поезија и раскази од 35 македонски автори родени меѓу 1980. и 1990. година, кои се најавени како идна движечка сила на македонската книжевност.

Би можело да ве интересира

„Матица македонска“ го објави романот „Турчинот шахист“ од Шурбатовиќ во превод на македонски јазик

Почина познатата шпанска актерка

Украина го критикуваше Вуди Ален за неговото учество на Московската филмска недела

Претседателката Сиљановска-Давкова ги отвора 64. Струшки вечери на поезијата

По Материјата-заедничка изложба на наши и уметници од Грција и Албанија

Патувачко кино на „МакеДокс“ се одржа во Кочани