Промоција на проектот „Отворена врата – за младите од младите“

Од:

Коалицијата на младински организации СЕГА денеска ќе го промовира проектот „Отворена врата – за младите од младите“.

На промоцијата, според организаторот, ќе се дискутира за можностите за кариерно советување и насочување на младите во насока на зголемување на нивната вработливост.

Промоцијата ќе биде во новиот Инфо – кариерен центар за млади во Скопје, лоциран во Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“ во Скопје. Предвидено е да се обратат директорот на П.О.У. Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кочо Рацин“ – Скопје Мане Колев, директорката на Центарот за вработување на Град Скопје Слободанка Алексовска и менаџерот на проектот „Отворена врата – за младите од младите“ Зоран Илиески.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски