Промоција на Прирачник за спречување корупција во локалната администрација

Од:

Фондацијата Конрад Аденауер и Македонското здружение на млади правници (МЗМП) денеска во Скопје ќе промовираат Прирачник за спречување на корупцијата во локалната администрација.

Прирачникот е подготвен во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација. Тој е изготвен како практична алатка која ќе им послужи на државните службеници и вработените во локалната самоуправа во секојдневното работење, придонесувајќи кон јакнење на доброто владеење на локално ниво.

Прирачникот е на располагање на македонски и албански јазик, а ќе биде дистрибуиран до сите единици на локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Извештајот на ЕК нотира притисок на власта врз судството и високо раширена корупција

Дмитриев: Западот затвора очи пред корупцијата во Киев

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата