Промоција на монографијата „Воени генерали во Македонија (1941-2017)“

Од:

Како дел од активностите за одбележување на 25 години од формирањето на АРМ, денеска во Домот на АРМ во Скопје, ќе биде промовирана монографијата „Воени генерали во Македонија (1941-2017)“ од генералите во пензија, Мирослав Стојановски и Борис Стојаноски.

Монографијата е во издание на здружението „Клуб на генерали на Република Македонија“, а е поддржана од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, како значајна публикација за воената историја на Република Македонија.

На промоцијата најавено е присуство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник Методија Величковски, заменик министерот за одбрана Беким Максути, поранешни министри и началници на ГШ на АРМ, претставници на Асоцијацијата на воени аташеи, голем број на високи воени раководители и претставници од МО и АРМ, како и членови на клубот на генерали.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он