А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Промоција на монографијата „Наркокриминал и наркомафија“

by А1он15/05/2014 - 08:35378
Share0

Монографијата „Наркокриминал и наркомафија“ од проф. д-р Љупчо Тодоровски денеска ќе биде промовирана во „Порта Македонија“. За значењето на книгата ќе говорат проф. д-р Слнчомил Вељанов и проф. д-р Алексеј Дума.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според Вељанов, најзначајниот придонес на оваа монографија се екстензивноста и пионерството на самиот потфат. Таа е прв научно-стручен труд кој опсежно и во детали ги обработува безбедносните стратегии за следење на современите форми на наркокриминалот во Македонија, како и насоките за поставување на стандардизиран систем на контрола на дрогата.

Во недостиг на монографии од сличен вид во нашата стручна литература, Вељанов вели дека важноста на оваа книга станува непроценлива, бидејќи нема друга монографија што би им ги предочила на практичарите посуптилните аспекти на криминалистичката проблематика, чие познавање е неопходен предуслов за успешно совладување на оваа комплексна област.

Љупчо Тодоровски својата кариера ја започнува во МВР во Управата за недозволена трговија со дрога. Во текот на својата кариера работи како началник на Управата за дрога, началник на Управата за организиран криминал, помошник министер во Секторот за анализа и истражување, началник на криминалистичката полиција и Директор на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Во моментов е професор на Факултетот за безбедност – Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ по предметот „Криминалистичка методика“.

Следете a1on на Youtube YouTube
drogamvr

Би можело да ве интересира

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Горан Наумовски22/10/2026 - 16:52

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Катерина Ѓуровски22/10/2026 - 10:07

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он19/10/2026 - 20:56

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски18/10/2026 - 14:3018/10/2026 - 14:30

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Горан Наумовски18/10/2026 - 13:33

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога

Горан Наумовски17/10/2026 - 13:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео