Во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, во организација на Брегалничката епархија и Домот на културата, денеска ќе се одржи промоција на книгите проповеди – „Слова за Словото“, во 5 тома, од Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан.
Промотори на изданието ќе бидат епископот Хераклејски, г. Климент – секретар на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Книгите проповеди се отпечатени по повод јубилеите на Неговото блаженство, Архиепископот г. г. Стефан: 20 години како Поглавар на Македонска православна црква и 33 години како архиереј во епархиите во Македонија и дијаспората.