Промоција на книгата „Европа нашиот заеднички дом“ од Жан Моне

Од:

По повод 25-годишнината од дипломатските односи помеѓу Република Македонија и Република Франција денеска на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА ќе се одржи промоција на специјално издание на книгата „Европа нашиот заеднички дом“ од Жан Моне.

Пригодни обраќања на промоцијата се најавени од ректорот на Универзитетот Јордан Плевнеш, од францускиот амбасадор Кристиан Тимоние, кој е и автор на предговорот на изданието, како и од преведувачката на делото Лилјана Котевска – Плевнеш.

На промоцијата химната на Европа – Одата на радоста ќе ја изведе на пијано Дарко Мариновски, декан на Факултетот за применета музика, а фрагменти од делото ќе чита Андреј Серафимовски, актер од класата на проф. Мето Јовановски.

Би можело да ве интересира

Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Ле Пен: Крајната левица сака да го наруши демократскиот систем

Автомобил „рено 5“ од 1982 година пронајден по 43 години, со само 12 поминати километри

А1он

Франција го напаѓа Руте: Ја понижува Европа за да му се додворува на Трамп

Франција за тврдењето на Трамп: „ЛАЖНИ ВЕСТИ“