Промоција на националната кампања против ксенофобија „Деца на планетата Земја“

Од:

На 23 и 24 септември 2016 година (петок и сабота), во Мобилната/монтажната галерија ЦАЦ во Паркот на франкофонијата во Градски парк и во Капан ан во Стара чаршија, ќе се одржат низа настани за промоција на националната кампања против ксенофобија „Деца на планетата Земја“, со што завршуваат активностите кои Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) ги спроведуваше во рамки на концептот Хуманитарна и правна помош за мигранти од 1 септември 2015 година наваму, а во соработка со партнерските организации Легис, Македонско здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ.

За промотивните активности од националната кампања, беше проширено партнерство на ФООМ и со Младински образовен форум, АКТО-ФРУ/ПОП АП АКТО фестивал, Фондација Метаморфозис и Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје, а како резултат на тоа произлезе и соработката и придонесот кон овогодинешната програма на ПОП АП АКТО фестивалот во Скопје, со што беше овозможена отворена комуникација и соработка со уметноста во промоцијата на човековите права и слободи.

Бројните музички и уметнички настани и интересните дискусии кои се дел од оваа промоција имаат за цел да придонесат заедно да се потсетиме дека сите ние имаме право да живееме мирно, слободно и безбедно и дека сме способни да ги надминеме растечкиот страв од туѓинци и омразата кон различните од нас.

Концептот на ФООМ за Хуманитарна и правна помош за мигрантите се спроведува од 1 септември 2015 година до 30 септември 2016 година во соработка со партнерските организации Легис, Македонско здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ. Негова цел беше да придонесе кон подобра заштита на правата и испораката на услуги за мигрантите и азилантите за време на нивното транзитирање низ Македонија. Како дел од концептот, партнерот и грантист на ФООМ, НВО ЛЕГИС, обезбедуваше хуманитарна помош (храна и хигиенски пакети) за мигрантите на северната и јужната граница на Република Македонија. Дополнително, правна помош беше обезбедувана од Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ и Македонското здружение на млади правници. Концептот, исто така, се залагаше за отворање на простор за социјална дебата за прашањата поврзани со миграцијата преку застапување за подобри политики и практики и финално преку кампања против ксенофобијата.

Програма

Време: 21.00-00.00 ч.

Место: Мобилна/монтажна галерија ЦАЦ, Парк на Франкофонија (Градски парк)

Музички изведувачи во соработка со ПОП АП АКТО:

  • Sweet Rapscalions / МКД
  • РИБ / МКД
  • FC Apatride UTD / СРБ

 

Време: 00.00-05.00 ч.

Место: Капан Ан, Стара чаршија                                                                                        

Музички изведувачи во соработка со Десонанз и ПОП АП АКТО:

  • Grimes Adhesif / АНГ
  • Pizza Noise Mafia/ БЕЛ
  • Kanton 6 / МКД
  • Darko Jordanov / МКД

 

Визуелизации: Lazy Kidz Visualz / МКД

 

24 септември 2016 (сабота)

 

Времетраење на програма: 11.30-21.00 ч.

Место: Мобилна/монтажна галерија ЦАЦ, Парк на Франкофонија (Градски парк)

Пункт за достава на донации: 11.30-21.00 ч.

Видео бокс, интерактивни игри, работилници, изложби и инсталации: 11.30-19.00 ч.

________________________________________________________________

 

11.30 – 12.00 Најава на програма

 

12.00 – 14.30 –  Јавна дискусија: УМЕТНОСТ ЗА ПРОМЕНИ , одговорноста на уметникот во време на политичка и општествена криза (во соработка со ПОП АП АКТО)

 

Соговорнички парови:

Владимир Милчин, театарски режисер / Македонија – Златко Паковиќ, театарски режисер/ Србија

Слободан Унковски, театарски режисер / Македонија – Зоја Бузалковска, театарски режисер/ Македонија

Небојша Миликиќ, уметник и куратор / Србија – Алберт Хета, уметник и критичар/Косово

 

14.30 –  16.30  – ДиЏеј сетови со Бојана Низам и Гето Руди (во соработка со РадиоМОФ)

 

16.30 18.30 – Јавна дискусија: Млади работници и перспективи (во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје)

 

Модераторка: Дона Костуранова
Говорници:

Марија Топузовска Латковиќ – Институт за социолошки и политичко-правни истражувања на РМ

Андреј Јованчевски

Кирил Дончов

Горан Трајков

 

19.00 – 20.00  – Перформанс „Нивниот пат“ (во соработка  МОФ и Наталија Теодосиева и Јаков Спасов)

20.3021.00 –  Лепи Џони, акустична музичка изведба (во соработка со ПОП АП АКТО)

 

11.30 – 19.00 ч.: Отворени пунктови, уметнички инсталации, изложби, работилници и проекции:

 

  • Изложба „Ана Франк – Историја за денес”, МОФ и Ана Франк Хаус – Холандија
  • Изработка на стенсил со Стелиос Цивас, Кипар на тема: Бегалци на отворено, МедиаАрт – МОФ
  • Работилница за изработка на маици со пораки
  • Друштвена игра „До новиот почеток“, МОФ
  • Плакати/ѕидни весници насловени „Човек на патот“, посветени на мигрантите, проект на Небојша Миликиќ, Ана Виленица и Тадеј Курепа

 

Пунктови и ВИДЕО БОКС – поставка „Слики за масите“

 

Уметници и дела:

Пункт 1: Желимир Жилник – филм „Србистан“

Презентација: Тадеј Курепа

Пункт 2: Селекција на видеа од Тадеј Курепа, Србија

Пункт 3: Селекција на видеа во соработка со регионалната мрежа „Урбано зуење“ и проекција на видео сторијата „Поделен град“ на Љубиша Арсиќ во рамки на проектот „Скопје ретровизор“ на Плоштад Слобода

Пункт 4: Селекција на видеа во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, Скопје и организацијата Квир, Загреб

Пункт 5: Уметнички видеа

  • видео „Белвил“ од Владан Јеремиќ и Рена Радле, Србија
  • видео „Легендарниот пес“ од Албан Муја од Албанија
  • видео „10 дена Грција 2016“ од Матија Краљ, Хрватска

 

Пункт 6 за донации, собираме:

1. Сервиси за јадење во целост или одделни парчиња на:

– Плитки и длабоки чинии

– Лажици, вилушки и стаклени чаши за кујните во камповите

 

2. Потреби на деца во занимални и активности во камп:

– Играчки,

– Разни едукативни боенки,блокчиња,  боички, фломастери, школски прибор …

 

25 септември 2016 (недела)

 

Време: 10.00-15.00 ч.

Место: Пограничен камп, Гевгелија

 

Достава на донации

Музички настап и

Интерактивна забава за деца

 

Соработници на Фондацијата Отворено општество за активностите предвидени во програмата се:  Младински образовен форум, АКТО-ФРУ (ПОП АП АКТО фестивал), Хелсиншки комитет за човекови права, Фондација Метаморфозис, Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје активисти, волонтери, експерти, луѓе  кои престојуваат во пограничните кампови и луѓе чија припадност се врзува со маргинализирана или малцинска група во Република Македонија. 

 

Повеќе детали за програмата:

Деца на планетата Земја: ТУКА

ПОП АП АКТО: ТУКА

Би можело да ве интересира

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Ана Ололовска

ФООМ додели награди за средношколци и наставници

Ана Ололовска

ФООМ бара итно повлекување на законската измена за заменици директори во јавните претпријатија

Наум Локоски

ФООМ – 25 години поддршка за силни и активни граѓани и демократско општество

Ана Ололовска

НОВУС го заврши сетот на обуки за запознавање на младите со европските политики и институции

Ана Ололовска

Фондацијата „Отворено општество“ бара официјална потврда од ЈО за истрагите против НВО секторот

Ана Ололовска