Промоција на извештај за ефикасноста на правната заштита на човековите права

Од:

Македонското здружение на млади правници денеска ќе го промовира Годишниот извештај за ефикасноста на правната заштита на човековите права во Република Македонија во 2016 година, изработен во рамки на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права.

На промоцијата ќе бидат презентирани повреди на човековите права кои се забележани и документирани од страна на проектот, со акцент на дискриминацијата, фемицидите, бегалската криза, како и анализа на ефикасноста на уставно воспоставените механизми за заштита на човековите права.

Во вториот дел предвидена е дебата во однос на клучните предизвици кои ја отежнуваат правната заштита на лицата чии човекови права се повредени.

Проектот на УСАИД за заштита на човековите права спроведуван од Македонското здружение на млади правници е посветен кон унапредувањето на заштитата и промоцијата на човековите права и демократските вредности во Република Македонија преку правна едукација, стратешко застапување и зајакнување на капацитетите на правните професионалци и граѓанските организации.

Преку капацитетите на младите адвокати и правници, проектот овозможува правна заштита на лица кои сметаат дека нивните човекови права се повредени со цел воспоставување соодветна судска пракса по ова прашање.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО