Промоција на анализа на законодавството за заштита на децата жртви од насилство

Од:

Јавна промоција на Компаративната анализа на законодавството посветено на заштита на децата жртви од насилство помеѓу Македонија и земји со контекстуални сличности ќе се одржи денеска во Скопје.

​Покрај авторите на анализата, на настанот ќе се обрати заменик-министерот за правда Оливер Ристовски, претставникот на УНИЦЕФ во Македонија Бенџамин Перкс, претставничката на ЕУ Делегацијата во државата Вирве Вимпари, како и претседателот на Македонското здружение на млади правници Зоран Дранговски.

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) ја организира промоцијата како дел од регионалниот проект „Заштита на децата од насилство и промовирање социјална инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“ со финансиска поддршка од Европската Унија и од УНИЦЕФ.

Компаративната анализа е подготвена од домашни експерти и во неа се посочени правните празнини во македонското законодавство на темата заштита на децата кои се жртви на насилство.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже