Променливо облачно со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд

Од:

Претпладне денеска по одделни котлини има услови за појава на магла, а преку денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 10 степени.

Според пргнозата на УХМР, утре (понеделник) времето ќе биде облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд и услови врнежите повремено да преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

-Од вторник ќе има постепено разведрување, а од среда времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Би можело да ве интересира

Температури до 18 степени денеска, од утре заладување

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно со дожд и засилен ветер, на места врнежите пообилни

А1он

И денеска и во следнате денови облачно со дожд

Облачно со слаб дожд

Врнежливо и постудено оваа недела

Катерина Ѓуровски

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег