Променливо облачно со повремен дожд, температурата до 18 степени

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови каде врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.

Според УХМР, во петок ќе настапи преодно стабилизирање, а промена на времето ќе има во сабота. Под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои ќе бидат претежно од снег.

Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови. На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и температурите значително ќе опаднат.

Би можело да ве интересира

Потопло со мала до умерена локална облачност

Топло со ниски утрински температури, утре и задутре дожд

Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремен локален дожд

Сончево со мала до умерена облачност

Променливо облачно, попладне нестабилно со дожд и грмежи